Hyundai на SEMA 2017: Доверливото може да биде и спортско

Hyundai на SEMA 2017: Доверливото може да биде и спортско

 

На штотуку завршениот SEMA Show 2017 најпопуларните модели на Hyundai беа пропуштени низ рацете на специјализираните тјунинг работилници кои се погрижија изградениот имиџ да бие пропратен со спортски перформанси.

На специјализираниот автомобилски саем SEMA секоја година се собираат професионалците од цела Америка, а во последниве години и од целиот свет, за да видат што тоа специјализираните преработувачи нудат за тјунирање на сериските модели.

Години наназад со темата, Hyundai се бават експерти од низа специјализирани куќи.

Тука се традиционалните соработници од Aaron Vaccar Company, потоа Rockstar Performance Garage, Blood Type Racing Inc. и Bisimoto Engineering.

Како што е познато вратите на SEMA се отворени само за учесниците, така што пошироката публика со продуктите се запознава посредно, преку компаниите кои изложуваат во халите на Конгресниот центар во Лас Вегас.

 

Elantra Sport Concept

 

Експертите од BTR Edition Elantra се позанимавале и со патната но и со натпреварувачката изведба на Elantra Sport. За првите се наменети првенствено оптимчките додатоци кои на возилото му даваат посебен шмек, но многу посодржајни се промените кои се извршени во функционалниот дел на натпреварувачот. Кај него е сменето потпирањето потоа всисните и издувните елементи, вбризгувачите, интеркулерот, … Elantra Sport Concept е заеднички развиена со натпреварувачката екипа, Blood Tzpe Racing Inc.

 

i30 N

 

Во мај годинава првото перформанс-возило на Hyundai успешно го помина еден од најтешките тестови на издржливост, ADAC 24-hours на патеката Нирбургринг. И не само поради тоа, големиот интерес кој i30 N го предизвика кај специјализираните преработувачи присутни во Лас Вегас беше очекуван и оправдан. Да не го заборавиме и фактот што, без разлика на визуелните додатоци, возилото може да се употребува и за секојдневни потреби.

 

HyperEconiq Ioniq

 

Импресивниот штедач на Hyundai, хибридниот Ioniq, во верзија на експертите од Bisimoto Engineering, станува уште поекономичен а со самото тоа и попријателски настроен кон природата. Интервенциите се изведени како на аеродинамиката така и врз работата на бензискиот мотор кому додатно му се намалени внатрешните триења. Исто така на моторот се заменети мноштво компоненти кои додатно ја подобруваат ефикасноста.

 

Vaccar TUCSON

 

Тјунерската куќа Vaccar традиционално ги модифицира SUV претставниците на Hyundai. Погледот на Vaccar Tucson раскажува токму една таква, возбудлива приказна. Интервенциите на аеродинамичните додатоци се најочгледни но мора да се знае дека над 20 технички позиции се променети се со цел подобрување на перформансите и однесувањето на Tucson. Според покажаниот интерес ова е една од најимпресивните преработки прикажани на SEMA 2017.

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?