Наближува зимата, подгответе го вашиот автомобил

Наближува зимата, подгответе го вашиот автомобил

 

Со наближување на зимата и драматичниот пад на температурите потребата за адекватна подготовка на возилото станува се понеопходна. Иако сите добро знаеме, не е лошо уште еднаш да се потсетиме како да го подготвиме  возилото за условите кои ни претстојат.

Температурите во вечерните и во раните утрински часови почнаа да се движат околу нулата. Тоа е доволен знак дека на автомобилот му е потребна соодветна подготовка за да може да служи во текот на зимата, дури и при најладни услови.

Освен вообичаената зголемена претпазливост поради влошените временски услови (влажен коловоз, магла, намалена видливост, …) која се препорачува за време на возењето во ладните денови, ова се неколку совети кои нашата редакција ги подготви за вас:

 

  1. Заменете ги летните со зимски гуми – летните гуми ги губат основните својства пропорционално со падот на температурите;
  2. Проверете ги сопирачките – појдете на сервис и проверете ги сопирачките, тие се екстремно важни за безбедноста, а особено при влажен и заледен коловоз;
  3. Променете ги маслото и филтрите – маслото со тек на време ги губи своите својства, затоа пред почетокот на зимата е најдобро да го промените;
  4. Проверете го акумулаторот – при студено време акумулаторот губи од својот капацитет, затоа доколку сте имале проблем со него, ви препорачуваме на време да го промените.
  5. Алатки за расчистување на мраз и снег ќе ви бидат неопходни – лопатките за чистење на лед и снег се препорачливи, особено ако едно утро си го најдете автомобилот под снег;
  6. Проверете во каква состојба ви е климата во автомобилот – проверете дали ви работи климата и ви препорачуваме да ги замените филтрите со цел да имате попријатен престој во автомобилот;
  7. Антифриз мора да имате во автомобилот – систем за ладење во кој нема антифриз е одличен пример како да се упропасти возило. За да ја врши својата улога успешно, најдобро е антифризот да се менува на секои 2 години;
  8. Секогаш имајте средство за одмрзнување на прозорите – доколку ја немате задолжително набавете вакво средство, подобро е од класичното гребење        на автомобилските стакла.

Всушност, подготовката на автомобилот за возење на ниски надворешни температури не претставува некоја посебна сложена активност туку едноставно редовно сервисирање со акцент на спецификите кои одат заедно со општо познатите перпораки кои производителите ги препорачуваат за сезонско возење.

 

пишува: Дениз Сулејман

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?