Како правилно да ги складирате летните пневматици?

Како правилно да ги складирате летните пневматици?

 

Потребно е правилно складирање на автомобилските пневматици за да се зачува нивниот квалитет, бидејќи во спротивно се нарушува стабилноста на возилото, а со тоа и безбедноста на возењето.

Самиот начин на складирање најмногу зависи од тоа дали ќе ги чувате само пневматиците или монтирани на бандажите. Тие кај зимските гуми најчесто се челични, додека кај летните најчесто се алуминиумски.

Ако користите некој од т.н. хотели за пневматици, тогаш овој напис не е наменет за вас, бидејќи реномираните вулканизери се грижат за правилно складирање на гумите.

Во случај гумите да ги чувате во некој сопствен простор, неопходно е површината да биде сува и темна.

Гумите најдобро е да се поставуваат вертикално на површината, една до друга, и еднаш месечно да ги вртите по четвртина круг, но тоа не е неопходно бидејќи така поставени тие нема да се деформираат.

Ако гумите се наоѓаат на бандажите, најдобро е да ги поставите хоризонтално, една врз друга, и да им ги менувате местата еднаш месечно со тоа што гумата која лежела најдоле ќе ја ставате најгоре и така по ред.

Пред складирањето на пневматици, обележете на која позиција била поставена секоја од нив, за да можете да ги ротирате следната сезона.

Измијте ги пневматиците и бандажите и отстранете ги сите камчиња и други предмети од профилот на шарата на гумата. Само така следната летна сезона ќе ја дочекате со добро сочувани и безбедни пневматици.

 

 

Пишува: Дениз Сулејман

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?