Тетрис во вашиот автомобил?! (видео)

Тетрис во вашиот автомобил?! (видео)

 

Бескрајното чекање во автомобил не мора да биде досадно.

Рускиот GAZelle Next е лесно комерцијално возило кое првенствено се користи за работа, најмногу за испорака на помали пратки. Сепак, квалификувани програмери имаат вметнато внатре и дел од кодот кој овозможува играње на добро позната игра Tetris, и тоа ни помалку ни повеќе туку на контролниот дисплеј!

Се разбира, оваа опција не е лесно да се активира, неопходно е да се направат неколку сложени маневри за да се дојде до неа, а процесот има седум чекори, од кои еден, исто така, вклучува и турирање на моторот на 3.000 вртежи во минута.

Играта се игра со помош на рачката со која се подесува часовникот во автомобилот, а ние искрено се надеваме дека никој нема да биде запаметен по тоа дека се обидел да игра додека возел!

 

 

 

Пишува: Дениз Сулејман

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?