Ултимативна кујна на тркала

Ултимативна кујна на тркала

 

Jamie Oliver место на шпорет ќе готви на Land Rover Discovery.

Познатиот кувар Џејми Оливер и британскиот производител Land Rover остварија интересна соработка, каде моделот Discovery го претворија во подвижна кујна. Во автомобилот може да се најде скара, шпорет, тостер, машина за мелење месо …

Инженерите направија интересни промени во моделот Discovery. Зад знакот на предната страна на маската има отвор во кој се поставува рачка за вртење месо на скара, а има и можност за производство на пасти или тестенини.

Кога ќе се отвори хаубата, таму не чека ново изненадување – вграден е лонец за готвење на пареа. И не само тоа, Land Rover Discovery по барање на Џејми Оливер е опремен со машина за правење на сладолед, тостер и место за чување џем.

Можеби звучи лудо, но автомобилот има импровизирана градина со свежи билки, како и комплетна кујна која е сместена во багажникот. Таму може да се најде шпорет, мијалник, како и огромен телевизор за да не му биде досадно готвењето на познатиот кувар.

 

 

 

 

 

Дениз Сулејман

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?