Видео за Гинисов рекорд: Возеше 200 km/h на скии

Видео за Гинисов рекорд: Возеше 200 km/h на скии

 

Поранешниот скијач Грахам Бел, кој е познат по својот авантуристички дух, сега на листата на екстремни достигнувања додаде подвиг кој ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди.

 

Имено, тој беше доволно “луд“ да се согласи на предизвикот кој допрва може да го прослави низ светот, но, секако, со тоа ќе помогне да се промовира и луксузниот караван на Jaguar, моделот XF Sportbrake.

Ако се оди според планот, Jaguar ќе мора да го влече со брзина од 113 km/h по снегот, колку што изнесува рекордот во оваа дисциплина.

Местото каде ќе се обидат да го срушат рекордот се вика Арјеплог и се наоѓа во Шведска. По неколку пробни обиди, тргнаа во соборување на рекордот, кој на крај беше лесно срушен. Бел скијаше со 188 km/h.

Кога станува збор за Jaguar и неговиот модел XF Sportbrake, работата ја завршија на најдобар можен начин. Изборот падна на моќниот 3.0 литарски бензинец, кој дури и при поларни услови и ниска температура од -28 Целзиусови степени немаше никакви проблеми.

 

 

 

Дениз Сулејман

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?