ВНИМАНИЕ: зголемено присуство на ученици-пешаци во сообраќајот

ВНИМАНИЕ: зголемено присуство на ученици-пешаци во сообраќајот

 

Секој септември, со почетокот на школската година, бројот на ученици во сообраќајот драмитично се зголемува. Ако им сакаме добро, на овој факт треба да се обрне посебно внимание.

Знаеме, пешаците се најранлива група на учесници во сообраќајот. И уште поважно, помеѓу нив голем е бројот на деца.

А учениците во септември ја започнуваат школската година, доволна причина да се посебно возбудени и раздрагани.

Сето тоа претставува дел од убавиот и безгрижен детско-младешки живот.

Да, само што тоа подразбира нивно зголемено присуство во сообраќајот. Уффф, проблем … добро знаеме што тоа значи во наши услови.

На ионака пренатрупаните сообраќајници и на надалеку познатата наша недисциплина, згора уште и зголемено присуство на ученици-пешаци! Тоа звучи прилично нелагодно. И опасно.

И, што со тоа?

Ако успешно одговориме на предизвикот наречен зголемен обем на сообраќај со акцент на поголем број пешаци кои учествуваат во него, еве не на листата на култивирани нации.

Бидејќи сите учесници во сообраќајот незибежно се и пешаци, се чини дека половина од проблемот е решен. Но за жал, реалноста остро не демантира.

Ние сме едно кога треба да ги користиме сопствените нозе а нешто сосема друго кога ќе седнеме зад управувачот.

Спојувањето на овие две наши реалности не носи до една многу опасна ситуација. Црните бројки во овој случај нема да ги споменеме. Само фактот што од година во година тие стануваат уште поцрни.

А со разумно однесување и свест за присутност на (нај)ранливите во сообраќајот можеме да постигнеме многу.

Се што треба да направиме е да ги почитуваме правилата и да обрнеме посебно внимание на однесувањето на учениците.

Нивното невнимание и незнаење треба да ги предвидиме и адекватно да одговориме.

Посебно во близина на училиштата, и уште повеќе на автобуските постојки поставени на другата страна на сообраќајницата.

Во такви случаи треба да се заборави на правото на предимство. Многу е едноставно, возете внимателно, заборавете на мобилните (дури и ако имате „ваерлес“), и АМАН ВЕЌЕ, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи. Сето тоа во служба на здравјето и безбедноста.

И, што потоа?

Агресивното однесување нема никому да помогне. Напротив, ќе предизвика нервози кај сите, и најчесто исто таков одговор. Пошто балканци, нели?

Од нервозна реакција до непосредна опасност патот е многу краток. А од таа точка понатаму почнуваат болката и трагедијата.

Во такви случаи најмалку болат свитканиот лим и искршените стакла. Расфрлените обувки се црниот знак за тешки човечки трауми.

Речиси без исклучок после таква несреќа сите се освестуваат за последиците. А тогаш е доцна, предоцна.

Поискусните, заситени од секојдневно сведоччење за примери на неадекватно однесување, ќе знаат да ја препознаат опасната ситуација.

Не тврдиме дека помладите управувачи на возила се поневнимателни. Но добро е да бидат благовремено предупредени за зголемена присутност на ученици-пешаци во сообраќајот. За доброто на сите!

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?