Brabus Rocket 900 Cabrio: ракета без покрив

Brabus Rocket 900 Cabrio: ракета без покрив

 

Brabus Rocket 900 Cabrio е создаден на база на Mercedes S 65. Со 900 КС и 1.500 Nm тој е во состојба да ги собори сите рекорди за фабричките кабриолети.

Што да се каже, освен – совршенство. Brabus е фирма која предизвикува стравопочит. Тјунирањето на автомобилите со себе носи и многу компромиси, но Brabus со својата прецизност и дисциплина не дозволува нешто такво.

На големите светски салони за автомобили, нивниот штанд секогаш предизвикува големо внимание. Восхитувањето доаѓа од цифрите кои ја означуваат снагата – “550”, “650”, “850” и сега “900”!

Тоа се ознаки за силата на кабриолетот изработен на база на S класата, поточно, S 65. По интервенцијата на Brabus, зафатнината на V12моторот е зголемена од стандардните 6.0 на 6.3 литри.

Тоа е постигнато со новата радилка која е прилагодена кон подолгиот од на клиповите. Променети се и издувната гранка, поставени се нови турбо-полначи со поголеми компресори како и всисната која е хармонизирана со новите инјектори.

Интересно е што максималната снага од 662 kW (900 KS) се постигнува при релативно ниските 5.500 вртежи.

Камионскиот максимален вртежен момент од 1.500 Nm се постигнува на 4.200 вртежи, сепак од безбедносни причини тој е електронски ограничен на 1.200 Nm.

Огромната силина се пренесува на задните тркала преку седумстепенскиот автоматски менувач.

Од состојба на мирување до 100 km/h се стига за 3.9 сек, а брзиномерот запира на извонредните 350 km/h.

За да се извлече максимумот од овој елегантен автомобил се препорачува тркалата да бидат со пречник од 22 инчи, со предни пневматици 255/30 ZR 22 и задни 295/25 ZR 22. Brabus Rocket 900 Cabrio е спуштен за 15 милиметри во однос на S 65 и има брзинометар „изгравиран“ до 400 km/h.

Службеното претставување на оваа фасцинација е закажана на 2017 Franfurt motor show.

 

 

 

 

пишува Дениз Сулејман

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?