Ferrari Portofino

Portofino ја заменува California

Portofino ја заменува California

 

Пикторескното туристичко гратче од медитеранското крајбрежје на Италија го позајмува името за новиот Ferrari кој досега го познававме како, California.

Со 600-тини расни коњи Ferrari Portofino е моментно најсилниот кабриолет на светот.

Додуша конструкцијата со преклопување на кровот, малку ја проблематизира дефинициата, меѓутоа стои и фактот дека Portofino ги поседува сите атрибути на чистокрвен кабриолет.

Многу поважно за лубителите на чистокрвни спортиви е моѓноста да се пофалат со перформансите на нивната црвена „играчка“.

А Portofino нема да го разочара ниту најзагрижениот лубител. Првата стотка се фаќа за 3.5 секунди, со забрзување кое трае до над 320 км/ч.

Освен наново обработениот V8 турбо мотор со вoлuмен од 3.855 ccm, врвните перформанси ги овозможува и олеснетата носечка конструкција за која е се потрошени алуминимум и карбонски влакна.

Добро, знаеме дека Ferrari купуваат врвните познавачи, но ако некој добро стоечки татко сака да го почасти своето дете со Portofino, својата совест ќе си ја покрие со гомилата електронски системи за динамичка контрола.

Помеѓу останатото тука се и електронскиот диференцијал (E-Diff3) како и новиот EPS (Electronic Power Steering), систем кој ќе се погрижи за правилно чувство зад управувачот.

Познавачите го поздравија и системот за автоматска амортизација кој е изведен со двојни спирали и адаптивни гасни амортизери.

Сите корисници кои сакаат да ги повозат своите пријатели (должина изнесува 457 cm), ќе се израдуваат на задната клупа за седење, која одлична може да послужи за престој на пократки релации.

Инженерите од Маранело со гордост ја истакнуваат и аеродинамиката, која велат, дава голем придонес кон економичноста(!) – фабричката декларација говори за 10.5 литри на 100 км. Спортската емоција наречена Ferrari Portofino службена промоција ќе има на претстојниот салон во Франкфурт.

 

  •      СПЕЦИФИКАЦИИ
  •           Мотор
    •                Тип: V8 – 90°
    •                Работен волумен: 3855 ccm3
    •                Максимална силина: 441 kW (600 КС) @ 7500 вртежи
    •                Вртежен момент: 760 Nm помеѓу 3000 и 5250 врт/мин
  •           Тежина и димензии
    •                Должина: 4586 mm
    •                Широчина: 1938 mm
    •                Височина: 1318 mm
    •                Тежинска распределба: 46-54% (напред/назад)
  •           Перформанси
    •                Макс. брзина: >320 km/h
    •                0-100 km/h: 3.5 sec
  •           Потрошувачка и CO2 емисија
    •                Просечна потрошувачка: 10.5 l/100 km
    •                Емисија: 245g  CO2/km

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?