Vision Mercedes-Maybach 6 Cabriolet

Нова димензија на кабриолетскиот луксуз (видео)

Нова димензија на кабриолетскиот луксуз (видео)

 

На Peble Beach во Калифорнија, Mercedes-Maybach довезе визија на супер луксузен кабриолет кој веќе е сигурно дека ќе оди во серија.

 

Ултра модерен но истовремено и ултра класичен. Токму таков впечаток остава најновата визија на Mercedes – Maybach.

Кабриолетот има должина од речиси 6 метри, а поставен е на големи 24-инчни тркала. Дизајнот на предниот дел е направен да изгледа како да нема крај, додека задниот дел се заострува до еден единствен раб.

Овие елементи на автомобилот несомнено оставаат впечаток на еден ултра класичен ретро дизајн, меѓутоа технологијата која е вградена во овој кабриолет говори со јазикот на иднината.

Доколку влезете во внатрешноста, и се сместите на едно од двете расположиви седишта, првиот впечаток е соочување со луксузот и ултра-модерноста со која зрачи секој елемент на Vision 6 Cabriolet.

Ветробранското стакло служи како транспарентен дисплеј, а сите функции во него се контролираат со гестикулација. Автомобилот доаѓа со електричен погон, со моќност од 550 kW (748 КС).

Оваа емотивна скулптура може и да се вози. И тоа прилично долго и спортски брзо. Со едно полнење, Mercedes-Maybach 6 Cabriolet поминува повеќе од 500 km, максималната брзина му е ограничена на 250 km/h, а од 0-100 km/h забрзува за само 4 секунди.

За движењето на овој убавец се грижат четири електромотори кои се сместени на самите тркала. Масивниот модул со батерии е поставен под подот, а кога е поврзан на брз полнач, за само 5 минути полнење, може да обезбеди автономија од 100 километри.

Останува да видиме, кога германците ќе решат да го пуштат во продажба овој прекрасен кабриолет, кој никого не остава рамнодушен.

 

 

 

 

Пишува Дениз Сулејман

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?