BMW Z4 Concept

Баварски поглед кон ѕвездите

Баварски поглед кон ѕвездите

 

Во соработка со Toyota, BMW разви фасцинантен двосед кој би требало сериски да се појави идната година.

Во BMW сеуште е актуелно името, Z4. Токму под таа ознака на претстојниот „конкурс на елеганцијата“, Pebble Beach кој традиционално се одржува во Калифорнија, баварците ќе го претстават фасцинантнио концепт.

Развиен во соработка со Toyota (која ја враќа ознаката, Supra), двоседот на BMW ни носи естетика од иднината.

A oколу карактерот на новиот Z4 баш и не мора да се водат долги дискусии. Ниската силуета, големото меѓуоскино растојание и маркатниот нос, јасно ги ставаат до знаење капацитетите.

На ниската и елегантна силуета два елемента посебно се истакнуваат: широките „бубрези“ и заштитата на главите на возачот и сопатничката(?!).

Добро ако поченеме да детализираме ќе видиме дека всушност ниту еден визуелен елемент не е преземен од постојниот регал на BMW, како пример може да послужат ретровизорите кои се поставени на А-носачот.

Инаку кога временските услови не дозволуваат поглед кон небото, за покривање на кабината е задолжен мек кров кој се активира по електричен пат а е сместен веднаш зад заштитниците за глава.

Фасцинацијата со изгледот ќе ја прекинеме со набројување на механичките компоненти.

Употребата на лесни материјали придонесува вагата да покаже вкупна тежина од само 1.400 kg. додека за придвижување на задните тркала предвидени се линиски мотори со четири и шест цилиндри.

Влезниот мотор од читири цилиндри донира „само“ 184 КС, а со иста конструкција од два литра и турбинско полнење се добиваат 252 КС.

Шестлитарскиот турбо од 3.0 литри е стар познаник кој во случајот е подесен на 360 КС што, ако се знаат можностите на најавената Z4 M40i варијанта, не би требало да значи и врв на понудата.

Технолошкиот близнак, Toyota Supra ќе користи идентични мотори, факт кој работата на монтажерите во погоните на Magna-Steyr во Грац значително ќе ја олесни, но хибридна верзија засега не е ниту најавена, ниту пак исклучена.

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?