Прво возење на Hyundai i30

Корејска триесетка со европски шмек

Корејска триесетка со европски шмек

 

Сараево беше одличен домаќин на регионалната промоција на новата едиција на третата генерација на првиот модел со “i” префикс. Целосно новиот Hyundai i30 имавме прилика да го возиме низ живописните предели на Херцеговина.

s3Hyundai е петти светски производител по големина. Стигнувањето до таа позиција подразбира присутност на сите поголеми светски пазари.

Корејските стратези тоа добро го знаат па затоа пред десетина година го лансираа приот модел кој во името го користеше префиксот „ i“. По еднодецениски позитивни искуства тоа ќе се покаже како одличен потег.

Успехот на првите две генерации на i30 веќе ги надмина и евроpспките граници – на американскиот пазар идентичeн модел се продава под името Elantra Coupe.

Оттука претставувањето на новата, трета по ред, едиција предизивикува општ интерес кај купувачите и блага нелагодност кај конкуренцијата. Првата средба со новиот компакт јасно ги расчистува дилемите околу тие реакции.

 

s3Европеизиран изглед

Ако некој добро ги познава двата претходника, прилично ќе биде изненаден од новиот член на семејството кој го носи исто име. Новата естетика започнува со иновативната каскадна маска на ладилникот.

Без разлика на аголот на посматрање, заклучокот е тој: робусност, маркатност, моќност,… Да бидеме попрецизни, новата i30-ка е скроена по теркот на европските вкусови.

Нема да погрешиме ако кажеме дека изгледот е целосно германизиран. Во прилог на ова тврдење одат и зголемената должина (4.340) и широчина па можеби затоа и впечатокот околу робусноста.

Понудата на внатрешниот простор е зголемена а организацијата можеме да ја опишеме како одлична интерпретација на класичните решенија. Паѓа во очи и мноштвото опрема која доаѓа во серискиот пакет.

 

s4Нови мотори

Компактот на Hyundai доаѓа со освежена палета на бензиски и дизел мотори. Дизелот од 1.6 литри може да се порача со три различни моќности: 95, 110 и 136 КС.

Кај бензинците има два новитети: 1.0 литарскиот T-GDi има три цилиндри од кои истиснува 120 КС, и за еден цилиндар повеќе, 1.4 литарецот со идентична технологија и 140 КС. Бензиската дивизија ја заокружуваат познатиот стартер од 100 и докажаниот 1.6 MPi кој ослободува 130 КС.

 

Одлично држење на патот

Само по себе возењето од Сараево кон Мостар претставува возбудливо искуство. Со новиот i30 тоа се претвара во вистинско задоволство. Прецизниот управувач и цврстото држење на патот се веднаш уочливи својства. Заслугите одат на адреса на темелно преработената платформа со растојание помеѓу оските од 2.650 mm и со мулти линк на задна оска кој има нова геометрија.

s5Новиот мотор од 140 КС ќе знае да ги предизвика и спортски чувства. Динамичен е, потегнува без задршка и многу лесно постигнува високи патни брзини.

Притоа брокјата на мерачот на потрошувачка нема да надмине 8 литри. Одличниот резултат делумно се должи и на извонредните менувачки кутии.

Од друга страна влезниот мотор од 100 КС ќе овозможи смирено семејно возење, исполнувајќи ги притоа сите очекувања на корисникот.

Иако номиналната силина во однос на претходникот не е зголемена, се добива впечаток дека моторот располага со поголема моќност, што пак веројатно се должи на преработениот електронски менаџмент и новото мапирање на карактеристиките.

 

Амбиции

Корејците се мудар и трпелив народ. Тоа го потврдуваат и со настапот на автомобилските производители. Hyundai гради долгорочна стратегија а се чини дека е дојден моментот директно да се нападнат Focus, 308, Astra, Golf, и компанија. Оружјето во облик на Hyundai i30 кој е дизајниран и развиен од европејци и за европејци, е подготвено а за исходот ќе треба да почекаме. На радост на сите потенцијални купувачи.

 

 

 

 

 

 

1 Коментар

  1. Zoran20/03/2017, 13:19 Остави коментар

    Pogolema Ford Fiesta 2017, majstori se vo brzina na kopiranje, toa e formulata ne nivniot uspeh.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?