Мора да возиме, за дишењето ќе видиме

Мора да возиме, за дишењето ќе видиме

 

Со натсапување на зимата, Скопје си го добива стариот, лош и опасно загаден воздух. Може ли нешто да се стори?

zagaduvanje1Доволно е да се погледне од прозорец и сé да стане јасно: Скопје е во магла. А и не мораме да гледаме, апелите од сите страни не предупредуваат за повеќекратно надминати вредности на штетните материи во воздухот. Тоа што го дишеме е некоја усмрдена мешавина од влага, смог, чад, PM10 честички и што уште не.

Воглавно говориме за една пеколна комбинација која ја внесуваме во организмот и со која потоа нашите тела мора да се справат. Таа борба, за жал, не секој успева да ја добие.

Погледнете ги здравствените билтени и ќе го најдете сокриеноит одговор на прашањето како тоа најзагадените градови во републиката (Скопје, Тетово и Битола) имаат и најтрагичен биланс во справување со тешките болести. А загадувачите се знаат: Тетово го има Југохром, во Битола неуморно загадува РЕК а во Скопје со здружени сили делуваат повеќе фактори.

За непланското градење и затворањето на природното струење на воздухот ќе оставиме да се искажат урбанистите и градежниците. Исто така и загадувањето предизвикано од загревањето на домовите со огревно дрво, јаглен и, во поекстремни случаи, со разни остатоци, ќе го препуштиме на експертите по екологија.

 

zagaduvanje-4

Скопје вози на нафта

Во отсуство на големи загадувачи, прстот повторно ќе го впериме во – возилата. Последниве пет години во земјава се увезени околу 250 илјади користени возила. Воглавно се работи за потрошувачи на нафта од кои барем половината се возат во метрополата.

Од либерализирањето на пазарот на користени возила, кога беше дозволен секаков увоз без потреба од исполнување на било какви еколошки норми, во моментот сме во фаза кога важат Euro 4 стандардите.

Да потсетиме дека важечките европски прописи дозволуваат продажба на возила со Euro 6 а веќе се подготвени новите, далеку построги Euro 7 норми кои на сила ќе стапат во 2019.

Што тоа значи во однос на загадувањето доволно ќе биде да го илсутрираме со податокот дека во најмала рака стапувањето на сила на нов стандард, на половина ја скратува дозволената емисија на штетни гасови. Ако се вратиме назад кај нас, ќе видиме дека во најдобар случај моментно е дозволен увоз на возила кои уште малку па на запад ќе бидат прогласени за „непријатели на човештвото“.

 

s1Чистиот воздух ќе го има се помалку

Реално гледано секој прогрес носи загадување. Моментно домашните економски прилики се далеку од можноста за било какви вложувања а на чистите технологии воопшто никој не се ни осмелува да помисли.

Тоа јасно ни говори дека во некоја блиска иднина нема да можеме да влијаеме на намалување на загадувањето. Економските услови на сличен начин ќе влијаат и на индивидуалното загревање на домаќинствата.

И повторно, областа каде што ќе можеме да интервенираме се – возилата. Како одличен баланс помеѓу идеалните решенија и понатамошните потреби за моторизација на нацијата, логично се наметнуваат неколку решенија:

1. Забрана за корисење на моторни возила (освен на јавниот превоз) во денови кога загадувањето ги преминува дозволените лимити;

2. Увоз на користени возила опремени со бензиски мотори и задолжително вградување на плински уреди;

3. Максимална редукција на возилата со дизелските агрегати;

4. Олеснување на купувањето на нови возила преку поволни кредитни и лизинг линии;

5. Еколошки јавен превоз

На прв поглед би рекле сосема разумни и реално можни решенија. Меѓутоа, во систем каде што секоја неповолна општествена појава станува мистерија и каде што постои „вето“ за објавување на вистинските вредности на загадувањето, тешко да може да се откријат вистинските причинители на загадувањето.

Ние овде се задржуваме само на автомобилскиот аспект на проблемот, кој секако, е многу покомплексен и посложен. Екологистите сметаат со бројката од 30% која отпаѓа на штетните материи емитирани од учесниците во сообраќајот, а во него освен личните возила секако голем удел имаат и возилата на градскиот превоз.

Алармантната состојба ни се повторува секоја година, а бидејќи се работи за здравјето на сите нас, редно би било, освен апелите за неизлегување од затворени простории, да се преземат и конкретни мерки.

 

 

 

 

 

1 Коментар

  1. webadmin28/04/2017, 13:43 Остави коментар

    Test test

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?