СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Службено претставување на целосно новиот BMW X5

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: BMWX5 not found

 

Под мотото THE BOSS IS BACK во салонот на домашниот увозник беше претставена четвртата генерација на BMW X5.

Во 1999 година, BMW на светот му го претстави првиот SAV (Sport Activity Vehicle) модел, X5.

Благодарејќи на одличниот тајминг на појавување кој се поклопи со зголемениот интерес на купувачите за SUV возила, но и капацитетната механичка основа со интегрален погон, успехот не изостана.

Во меѓувреме „X“ семејството се прошири со модели од бројот еден па се до (најновата) седмица.

Ако помладите автомобилски фанови сеуште не забележале – основните модели BMW ги бележи со непарните броеви (X1, X3, X5 и X7) додека купе верзиите носат парни ознаки.

Токму затоа, службеното претставување на новата, четврта генерација на родоположникот X5, предизвикува посебен интерес. Кумулативната продажна бројка на 2.1 милиони возила од досегашните три поколенија, силно обврзува.

При појавувањето на новите генерации, прво што паѓа во очи е дизајнот. Никој во BMW не би преземал ризик кај наследник на така успешен модел да воведува драматични промени. Еволуцијата на изгледот би бил најточен опис на визуелниот впечаток.

Дека се работи за целосно нова конструкција најочигледно е ако се погледнат димензиите: меѓусокиното растојание е зголемено за 42, должината за 36, широчината за 66 и височината за 19 mm.

Сега димензиите изнесуваат (4.922 x 2.004 x 1.745) mm, додека оските се поставени на растојание од 2.975 mm.

За разлика од обликот, содржината раскажува една целосно нова приказна. Во неа видна улога играат и предвидените четири мотори од кои два се дизели, а сите одред спријателени со здравата природна средина.

BMW X5 е прв модел на брендот кој може да се отклучи со BMW DIGITAL Key преку смартфон. Исто така, за прв пат кај него како остандардна опрема се воведува BMW Live Cockpit Professional кој претставува доследен чекор кон целосна дигитализација и ја нагласува современата внатрешност. Возачот во реално време ги добива соодветните информации на контролниот дисплеј и на целосно дигиталната инструмент табла – и двата со големина од 12,3 инчи.

Ако сакате да видите што во практика значи мотото THE BOSS IS BACK ќе треба да го посетите салонот на домашниот увозник, „М Кар“ каде ќе можете да ги добиете и цените за конретните модели.

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг