Шестата генерација на Corsa во низок старт
19/08/2019

Шестата генерација на Corsa во низок старт

 

Од претходните пет поколенија во изминативе 37 години на пазарот се пласирани над 13.6 милиони единици – наследникот службено ќе биде претставен на салонот во Франкфурт.

Opel отсекогаш тежнеел да ја демокртатизира својата понуда. Во склад со таа филозофија, уште во 1936 година, во време кога автомобилот сеуште важеше за луксуз, се појави првиот Opel Kadett.

Во повоена Германија, кога настапи ерата на „економското чудо“, во текот на 1960-тите и раните 70-ти од минатиот век, доминираа на Kadett A и B. Во овој процес, со секоја нова верзија Kadett сé повеќе се приближуваше до средната класа.

Потребата за пополнување на создадената празнина се наметна сам по себе. Во 1982 се појави новата Corsa. Со оригинален изглед, извонредно практична и квалитетно направена, производителот од Риселсхајм и овој пат погоди во срцето на европските потреби – до денес повеќе од 13,6 милиони возила излегоа од производната линија.

Под теретот на огромното наследство (најпродаван мал автомобил до сега), шестото поглавје на Corsa, Opel службено ќе ја прикаже на Меѓународниот автомобилски саем IAA Франкфурт 2019.

Ако судиме според фабричките прес материјали новата Corsa ќе има со што да се пофали: целосно нова конструкција, нови мотори, технологии од повисоките класи како и верзија која ќе се движи на чист електричен погон.  

 

Прво појавување, 1982 до 1993 година

Главниот дизајнер Ерхард Шнел создаде спортски мал автомобил со јасни, извајани линии, со намера да му се допадне особено на „главата во куќата“.

Corsa A се карактеризираше со должина од само 3,62 метри. Беше со задебелени лакови, со тркала како рели автомобил и исклучително низок коефициент на аеродинамичен отпор од 0.36 што беше веројатно рекорден за својата класа.

Врв на понудатат беше Corsa GSi со 100 КС, а воведен е и дизелски мотор. Во 1985 година Понудата со две врати беше проширена со додавање на популарниот модел со пет врати. Corsa А стана високо ценет, најпродаван модел со 3,1 милиони единици.


Втор дел: 1993 до 2000 година

И покрај успехот на Corsa број 1, донесена е одлука во Риселхајм да се постави наследникот како вистински „миленик на дамите“. Легендарниот дизајнер на Opel, Хидео Кодама започна со создавање многу заоблена, помека Corsa, со привлечни светла кои совршено се вклопуваат во симпатичниот изглед.

Corsa B беше десетина сантиметри подолга и многу попространа во внатрешноста од претходникот. Исто така, воведе повисоки безбедносни стандарди во својот сегмент, вклучително АBS сопирање, заштита од странични удари и предни воздушни перничиња.

За специјални пазари, покрај хечбек верзијата, Opel повторно понуди ночбек, караван како и пик-ап варијанта.

Бензинските мотори веќе имаа технологија за вбризгување на гориво и каталитички конвертори, додека GSi имаше 16 вентили, а дизел моторот сега поседуваше турбо-полнач. Втората Corsa беше успешна ширум светот, а продажбата стигна до четири милиони.

 

Трето продолжување: 2000 до 2006 година

Во духот да не се менува тимот кој победува, Хидео Кодама повторно беше замолен да го дизајнира обликот на Corsa C.

Стилот свесно беше ориентиран кон неговиот успешен претходник. Corsa повторно порасна за десет  сантиметри во должина и имаше поширок став со подолго меѓуоскино растојание, што значително го зголеми внатрешниот простор.

За прв пат, шасијата беше целосно галванизирана. Софистицираните четири-вентилски ECOTEC бензински и новите турбо дизел мотори со директно вбризгување обезбедија висока моќност, мала потрошувачка на гориво и најниски вредности на издувните гасови.

Сите варијанти веќе ги исполнуваа Euro 4 стандардите. Corsa C со продадени 2.5 милиони единици исто така го заслужи епитетот, ѕвезда.

 

Четврти дел: 2006 до 2014 година

Отсега, верзиите со три и пет врати се разликуваат: Corsa со три врати има уникатен, купе-стил, насочен кон спортскитe клиенти, исто како и оригиналниaтa Corsa A.

Варијантата со пет врати станува пространа, целосно семеен автомобил. Corsa D имаше помалку од четири метри во должина, порасна на точно 3.999 метри.

Со ecoFLEX технологијата на Opel, Corsa имаше системи за старт/стоп заштеда на горивото и високо ефикасни мотори. ЕcoFLEX верзијата, 1.3 CDTI трошеше само 3.3 л/100 км во текот на комбинираниот циклус и испушташе само 88 г/км CO2.

Четвртата генерација на Corsa се продаде во над 2.9 милиони единици.

 

Петти, самостоен настап: 2014 до 2019 година

Динамична, практична и стилска, Corsa E е исто така бестселер со околу 1.2 милиони продадени примероци до денес.

Петтата генерација се произведува во погоните на Opel во Сарагоса и во Ајзенах како варијанти со три врати и пет врати. За прв пат, малата ѕвезда со должина до четири метри, нуди голема удобност и врвни технологии во должина од 4.02 метри.

Управувач што се грее, греење на седиштата и автоматската контрола на климата се секако во понудата, како и предната камера со индикатор за оддалеченост, препознавање на сообраќајни знаци и Lane Keep Assist. Возачите на Corsa се оптимално поврзани со инфо-систем преку Apple CarPlay и Android Auto, вклучително и со седум-инчен екран во боја чувствителен на допир. Спортскиот модел што е врв на понудата на малиот автомобил Corsa OPC првично има 152kW (207 КС), а подоцна и Corsa GSi со 110kW (150 КС).

 

Најнова Corsa : остварување на француската врска

Со Corsa број 6, Opel со полна брзина граби кон иднината. Најновата генерација на малиот автомобил, која ќе ја прослави својата светска премиера на годинашниот меѓународен саем во Франкфурт, за прв пат ќе биде достапна и во целосно електрична верзија.

Вистински белег е адаптивниот сноп на светлина на matrix IntelliLux LED® светлата без отсјај, што Opel за прв пат ги нуди и во сегментот на мали автомобили.

Покрај тоа, постојат бројни најсовремени системи за помош, како што се предупредување за судир со автоматско сопирање во итни случаи и детектирање на пешаците, како и адаптивна контрола на брзина што го прави возењето уште побезбедно и порелаксирано.

Со должина од 4.06 метри, управувањето и практичноста на Corsa остануваат за пример. Купе линијата на покривот е за 48 милиметри пониска од претходната, и тоа без никаква штета на просторот за глава. Нискиот центар на гравитација придонесува за додатно унапредување на динамичките возни својства.

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?