Пурпурниот сон на финскиот возач
16/05/2018

Пурпурниот сон на финскиот возач

 

Преработката на полувлекачот Actros 2663 во специјално декорирана верзија, го чинело возачот Арто Симеола 6.000 работни часови и влог од цели 450 илјади евра.

Низ Западна Европа превозниците мака мачат да дојдат до квалитетни професионални возачи.

Од другата страна на оваа вистина стојат вистински професионалци кои се толку посветени на својата работа што не жалат труд и пари за да си го направат своето работно место попријатно за престој, а воедно тоа да биде и уникатно.

Извесен Арто Симеола од Финска, го преуредил серискиот Actros 2663 (625 КС) до ниво на непрепознатливост.

Својот полувлекач, кој целиот го префарбал во уникатна пурпурна боја, обработувајќи ја така во целост внатрешноста и цртајќи оригинални мотиви во надворешноста, го нарекол “Lowrider“.

Задоволството да поседува оригинално работно место и препознатлив имиџ го чинело 6.000 работни часови при што потрошил 450 илјади евра, сума која неколкукратно е поголема отколку што чини нов камион.

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?