Новата Mazda6 силно тропа на премиум вратата
10/05/2019

Новата Mazda6 силно тропа на премиум вратата

 

Со шестцилиндерски линиски мотор од три литра, хибридна технологија и погон на задната оска, новата Mazda6 има амбиции да им се приклучи на колегите од премиум одделението.

Концептот Vision Coupe прикажан пред година ипол, станува реалност. Тоа ќе биде новата генерација на Mazda6. Драматичната промена на обликот ќе биде пропратена со уште поголеми измени во пристапот.

Mazda6 иницијално ќе има погон на задните тркала, но новата LA (Large Architecture) платформа подржува и погон на двете оски.

Моторот е сместен напред надолжно па овозможува вградување на голем, 3.0-литарски линиски бензинец со шест цилиндри од новата модуларна серија, SkyActiv-X.

Во период во кој е модерно да се намалува работниот волумен на моторите до граници на здравиот разум, Mazda оди спроти ветерот и нуди голем мотор кој го комбинира со “mild hybrid” технологија.

Дека дизелот има иднина покажува и Skyactive-D моторот (2. генерација) кој исто така е предвиден да го заземе своето надолжно место во импресивниот новитет.

Трилитарскиот бензинец со своите 285 КС (345 Nm) е подготвен да се фати во костец со премиум конкурентите од типот на M-B C-Class, BMW Serie 3 или со една Alfa Romeo Giulia.

Фантастичниот изглед на купе-лимузината се должи на KODO пристапот за кој можеме да кажеме дека е вистинско освежување во секој нов облик во кој се појавува.

Колку ќе успее Mazda да ги помеша картите во премиум сегментот на купе-лимузини со средна големина, ќе зависи и од развојот на староседелците во класата но и од однесувањето на новите играчи, Lexus и Genesis.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?